сонува (гл.) - лош (прид.)

Мајка ти може да спие, па сонува лоши соништа. Нема крај тоа. Што не ме прашате мене како ми е?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Често се случува кога ќе се задржи овдека, во гостинската одаја, некое од нив да се разбуди, сонувало лош сон, да дотрча ваму, па побрзува да отвори и - силно се изненадува: нагрнат со веленце, по чорапи и со свеќа во рацете доаѓа Јосиф.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Понекогаш сонував лоши соништа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)