Неправда за Праведникот
Жената му порачува на мажот свој
утрото на Велипеток:
Не прави му ништо на тој праведник,
оти денеска многу пострадав на сон,
заради Него.33
Пилат не успева
да ги убеди првосвештениците
да го помилуваат Исус, детето кое сонува
наместо Варава.
Барабата.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)