сонува (гл.) - во (предл.)

И најприватната автобиографија се објаснува со големи преносни личности коишто се тие самите и тоа во поголема мерка од некои други (на пример, Платон, Сократ и уште понекој во La carte postale, Жене, Хегел, Свети Августин и толку други во делата Глас и Cirkonfesija итн.).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Значи не станува збор за некаква културална или политичка принуда? 4Секогаш се сонува во врска со нешто што се укажува на културалното поле.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
5. И тие дни во кои сонцето само зборува молчат Ветрот мине по грмушките по лисјето душкајќи Лазачите ги штрека глуварките во пројаснетиот воздух ги развева далеку дури татни Тој гром од човечка рака пред портите на гибелта Гласот на ранетата тишина зборовите ги бара По крвта пребарува по ѕвездената роса што посега Месечината и сонцето го менуваат здивот и издивот на трепетните лисја под времето што протечува со копнежот долг по гнездото на песната што се подава Светлина во очите И чело загледано кон идната виделина на бидноста што ќе огрее по насмевката минејќи на сите уморени што сонуваат во заслонот на неизречените зборови
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Гостуваат Јапонците. – Минатиот пат ја сонував во тунел – му велам – исполнет со пареа и шумолење на невидлива вода.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Девојчето измрзнува и сонува во слатка агонија; тој прекрасен сон е песна што лебедот ја пее пред смртта.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не, рече, зракот проклето можеше да ме мачи уште долго а јас ќе дочекав осумнаесет години и ќе сонував во секоја ноќ ден.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А Али-бег мир немал: само пожари сонувал во сонот, се будел во паника, скокал, викал, бегал.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Човекот го сонувал во молитвите својот бог во вид на бел и гривест коњ, крај реки и крај степи, на облаци над тие степи и над тие реки, коњот го познавал само оној бог чии петици му ги стискале ребрата додека со сила на ветар се судрувал во галоп со ветар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Волкот сонуваше во своето бунило и ја прославуваше таа миризба со еден таков писок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сепак зелено мирисаат пченки и ти раскажува некој со зелен глас: ако не се фатиш за нешто, за шурка небесна светлост или за опаш на магла, ќе се струполиш во шуплива бескрајност - ни над тебе ни под тебе нема ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако не се лажам, тоа го сонував во недела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)