сонува (гл.) - го (зам.)

Од дното на пепелта се раѓа таа муза тој од на тајните сини. Сонувајќи го него се видов себе си.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Ќе прелетаат тие некаде над селото, по небото кое зачадените оџаци го потпираат со високи столбови синкав чад, ќе го чуе и старо и младо, па ќе почнат оние познати разговори за некогашните зими, за случките во тие зими, а децата разгртаа двојни уши и слушаа, слушаа, сонувајќи го снегот што беше во разговорите на возрасните, во крикот на жеравите и во мирисот на студениот воздух.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А јас молчев Со главата меѓу дланките, Сонувајќи го вулканот Што сега ме облева Со жештина што гори Во табаните, Во слабините, Во слепоочниците.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)