И правејќи си пат меѓу имотските луѓе, кои сè уште трчаат пругоре по скали на чардак, влегува во визбата; таму, од ѕидот до вратата, го симнува малото секирче, го сокрива в пазува, поа кога излегува од визба, на Васила, кој остана да го чека пред врата, му вели Одиме.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ја погали, со треперлива рака, Руса по лицето и дури откако ја прекрсти со врвот од ножот што го сокриваше во ракавот на левата, од долниот раб на нејзиното лево око преку усните, меки и набабрени, до коренот на брадата направи секотина; веднаш потоа направи уште една таква на другиот образ и на истото место.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Преку дворните места на имотскиот живеалишни куќи и низ Западна Порта излегуваат во оградите и низ бавчите, прегазувајќи ја Голема Вода, се завкачуваат спрема Коритница, сè со вјасање - Максим за чекор понапред од Васила и од Карамана.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Максим влегува во гостинската одаја, од масата го извадува пиштолот, го сокрива в пазува и кога излегува на чардак на Јосифа, кој станал во меѓувреме, и на другите им вели Ко ќе застуди влезете внатре, а на Васила Митрески Ние со тебе, Васил, ќе се прошетаме малку.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Долгоушлестиот лад поет кој умее во капка мастила да ги наслушне подземните гласови, се сокрива во некој јавен ВЦ и останува во него со часови. Плаче.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Дедо Васја не го чу, а се плашеше да го потпраша уште еднаш.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Брегот се сокриваше во темнината. Ѕвездите не се гледаа. Водата беше црна.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Таа ме испраќа со тивка загриженост која ја сокрива во себе.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
ФЕЗЛИЕВ: (Отпрвин е изненаден од појавата на шишето пред него, потоа диво, како некој да ќе му го грабне, го зема и скоро го сокрива во себе.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Во исто време, кој ќе посака во тоа да ги види знаците на Апокалипсата, му се дава можност истото слободно да го каже.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Не се дозволува само да се премолчува, да се сокрива во себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Луѓето започнале во паника да ги празнат улиците и да се сокриваат во куќите.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)