таму се и убиените Јане Крстин и Пеце Дановски, обајцата синооки и високи меѓу дрвја, загинале, биле закопани, станале да докажат дека никогаш не биле покосени од пушка: таму е и Круме Арсов со црвено брадиче и во светечка одежда, пиел крушова ракија и горел, се родил од пепел да нѐ најде и да ни каже со каква љубов човекот може да го освои светов, тој или Неделко Шијак, или обајцата со кренати раце кон млечниот поток на ѕвездите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Колежот на Ерменците бил уште пресен, осудите на жестокото дело уште продолжувале и султанот не можел да си дозволи во толку кратко време реприза на еден акт кој му создал толку неволји во односите со големите сили.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Никаков господ не создал толку птици колку што се над петмината оживеани и никаков господ не го качил толку високо вчера обесениот Јаков Иконописец - ги шири рацете, лета, на светов му се нужни нови светци, а тој е светец од оној ден кога во песокот на рекичката Давидица ја закопал мртвата глава на сиротинскиот доброчинител Селџик-бег што ја симнал од кол пред Али-беговата воденица во која еден Ариф Исмаил од Анадол може да сомеле и жито и камен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неговата маѓепсаност од надареноста на мајка ми, особено во кулинарските вештини, ја имам забележано од поодамна, всушност од оној ден кога по конзумирањето на убавото парче од Пасхата што ја беше приготвил татко ми за Воскресение, Лев Петрович очигледно задоволен од вкусот на празничниот колач изјави дека некогаш некој ако предложи да се постави или да се изнесе на пиедестал она што е најполезно и остварува највредни резултати во секидневието, тој без двоумење ќе се заложи тоа да бидат рацете на жената што умеат да создадат толку многу вкусни јастија наспроти трапавите и секогаш лошо приучени мажи кои на животот и не му прикажале ништо друго покрај она нивно необмислено незадоволство што неконтролирано го истураат насекаде околу себе.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)