“Јахве, Господ, од земјиниот прав создаде човек, и во ноздрите му вдахна здив на животот”. (Книга за настанувањето).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Земјата не би можела Одново кога би се случило земјата да му се врати на нередот, да му се врати на својот колосален хаос, на бесконечноста и на пустошот од што потоа пак би одекнал големиот big-bang, во таа повторна експлозија воопшто не е веројатно дека одново би бил создаден човекот: земјата, сепак, не би можела да ја издржи таа голема реалност - бесконечните човекови страдања...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И јадењето имам бајалди има своја легенда...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нема познато јадење во светот што опстанало кај многу народи што го следи митот што го создал човекот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со тоа, велат познавачите на неговото дело, писателот не апелира како Русо да се вратиме кон природата, туку само потсетува, па ќе напише „Светот што го создал човекот, исто така, е природен“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
„Светот што го создал човекот, исто така, е природен“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Уште вечерта го подолнив првото од ливчињата што ги спремив за анотации: „Да создадеме човек... кој ќе биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите - над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата“.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тој го создал светот, тој го создал човекот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Како да бараше најуверлив доказ за искажаната мисла, за немоќта човекот да ја победи војната.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Започна со тивок глас да го чита клучниот пасаж од книгата на Малро: Потребни се девет месеци за да се создаде човек, а за да се убие е доволен само еден миг.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не, можеби не се потребни девет месеци туку шеесет години за да се создаде човекот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
19. Му верувам зошто да не му верувам на Чарлс Дарвин Дека ние коалите сме можеби најпознатата врста дембели Добро де и оние Црногорците на Балканот биле во мртва трка со нас За нив не сакам да си ја грешам душата Ама за нас коалите бев чула дека ако крстителите Немале пошироки погледи на светот И ако ги гледале само нашите навики Австралија можеле да ја наречат и Дембелија пу пу скраја да е Туф туф врста дембели А што сме мислители и сонувачи никому не му е гајле Кога секое суштество е дадено на многу мислење Нема многу време за работа Сега некој зајадлив ќе рече кој работи не мисли Или колку повеќе работиш толку помалку мислиш Други зајадливци ќе речат дека работата го создала човекот Не се сеќавам добро ама некој како да ми рече дека тоа е цитат од Маркс
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)