На овој начин ќе се создаде впечаток дека ДАГ ќе го почне нападот во насока на Нестрам - Костур, а со тоа ќе се сврти вниманието на непријателските единици кои држат позиција на Алевица - Гинова.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Цртежот на одделни знаци на глаголицата е толку своевиден, што низа истражувачи го сметаат за плод на оригинално творештво на Кирил.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Со своите акции Сарафов создал впечаток кај европските влади и јавноста, и одделно во другите две соседни на Македонија држави, дека сѐ што станувало во Македонија, сите подготовки на угнетениот народ за отфрлување на султанскиот јарем, се негово дело.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Оваа наредба требала да создаде впечаток дека сите виновни лица за солунските настани ќе одговараат пред судот по законски ред и дека државата нема да дозволи случајни лица да ја делат правдата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Нема сомневање, создавачот на глаголицата спроведува намерна графичка модификација и стилизација на графемите на писмото- прототип, можеби со цел да се сокрие зависноста на новосоздаденото писмо и да се создаде впечаток на потполна независност и оригиналност на новото словенско писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)