Како резултат на таа дејност, моделот на писмо во јазикот за кој се создава писмото, индуцира определено множество од фонетски единици, чија целокупност го сочинува планот на содржина на новото писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Бидејќи секој систем на писмо, а особено алфабетот, претпоставува имплицитно претходна фонетско- фонемска анализа на јазикот од страна на составувачот на писмото, тогаш секој систем на писмо претставува најстар пример на лингвистичко истражување во конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Издвојувањето на фонетските единици на јазикот за кој се создава писмото, како и нивната распределба во систем, претпоставува истовремено изнаоѓање на определени графички симболи, со чија помош треба да се изразат издвоените звуци.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)