создава (гл.) - мрежа (имн.)

Мрежа која ме обвива, ме задушува и во очај ме исфрла крај пустите брегови длабоко во ноќта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го обележува оној што суди како човек однатре, како упатен во знаењето, како некој што ја знае тајната на кампот, како некој што е веќе инициран во круговите на заедничкото восприемање и на заедничкиот вкус по кои се издвојуваат оние што се во состојба да го распознаат кампот и преку кои меѓу таквите луѓе се создава мрежа на меѓусебно разбирање и меѓусебен дослух.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Живот во црна кутија, простор во кој се осеќа само мирис на нечист воздух, простор исполнет со грешни мисли, гревови, болови кои создаваат мрежа од тешки и мрачни спомени, одамна изгубени сонови.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)