Така кругот на задоволство никогаш не се спојува, но се создава модел кој токму поради овој ексцес создава уживање кое го носи елементот на непријатност во системот на задоволство.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Малубројни се оние што таа свест ја оставиле зад себе и светот не го разбираат како причинска низа, туку како сплет на случајности, не спознаваат и не вреднуваат веќе ништо во однос на напредокот и просветителството, туку футуролошки и системскотеоретски или „структурално“ и создаваат модели, според кои се ориентира мнозинството.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Иако еден од најкомплексните поими на Лакан, објет петит а во случајот на кружницата на задоволство би можел да се означи како инцидент кој е во служба на кршење на психичкиот закон за задоволство бидејќи среде кругот, кој штотуку не се затворил, ја воведува непријатноста.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)