создава (гл.) - зависност (имн.)

При долготрајна употреба се создава зависност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Дали сте подготвени да мамите, да фалсификувате, да уценувате, да ги расипувате децата, да растурате дрога што создава зависност, да поттикнувате проституција, да ширите венерични болести... да правите сѐ што може да предизвика деморализација и слабеење на силата на Партијата?“ „Да.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Канабисот е можеби најбезбедна од сите нелегални супстанции, не создава зависност и после употребата нема мамурлак.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа е еден специфичен флуид, што создава зависност и се шири како епидемија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Меѓутоа, како што истакнуваат многу критичари, воведувањето данок кој би бил доволно висок да ја обесхрабри потрошувачката, не само што не би ја постигнало целта, туку би го поттикнало црниот пазар на евтини дроги, а со тоа и во недоглед би ги продолжило токму оние општествени проблеми кои легализацијата се обидува да ги укине.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од друга страна, нискиот данок на дроги не би ја обесхрабрил потрошувачката, по­себно не на оние дроги кои, како крекот, создаваат зависност која не се обзира на цена, живот, излагање на опасност или достоинство.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)