совлада (гл.) - сон (имн.)

Го совлада сонот и во него мора го мачи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Татко и Камилски, откако ги совлада сонот читајќи, ги разбуди песната на бригадирите кои се враќаа од доброволна работа и намерно се доближија до нашата куќа крај реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога кон мугри допираа првите зраци светлина, Климент Камилски конечно го наполни куферчето со нужната литература да се бори со петте опасни зборови, и потоа подлегна, малку да се одмори, бргу го совлада сонот и во него немирен, продолжуваше да ја дополнува смислата на избраните зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка ја совлада сонот, макар што, како што велеше, со едно око беше будна, а со другото спиеше, сѐ додека не заспиеше и Татко. Тогаш спиеше и со другото око.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само што го допре лежиштето ставајќи ја својата глава во скутот на Ивона, го совлада сонот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ајдее, веќе три пати ти кажав. Престани да бладаш и затвори ги очите. - на Младен ракијата веќе му беше стасала до петици па ’рчејќи го совлада сонот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Свиткана во клупче ја совлада сонот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Те совладал сонот во удобната лежалка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со рој разбистрени мисли во својата глава, пред зори ја совлада сонот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ми натежна оваа пладневна оморина и ме совладал сонот. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Поспаните, кои порано ги совлада сонот, беа жртви на ѓаволштините на будните речиси до самите зори, кога и наставниците како и персоналот на хотелот можеа конечно да здивнат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред да го совлада сонот Иван спомнуваше нешто во врска со должината на денот што веќе си беше заминал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Овде се смрачува наеднаш - објаснувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пред да ја совлада сонот, Мајка размислуваше за тоа што ли треба да му каже на Татко, за да мине низ неговата „цензура”, па да ни биде пренесено нам, на децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)