собуе (гл.) - чевел (имн.)

Јас уште истата вечер кога Земанек преспал со новата кадровичка во партијата, знаев: го знаев тоа според начинот на кој влезе, ги собу чевлите, според начинот на којшто ме прегрна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беличот се наведе и си ги собу чевлите, ги врза една со друга па ги префрли преку рамо; Мече сандалите си ги спика в џеб.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Не, јас многу би сакал да ги собујам чевлите, навистина, - излажав и направив движење како да почнувам да ги собувам, - но дали ќе може да добијам влечки? - така, си мислев, смрдеата можеби и нема да се почувствува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Едни ги собуле чевлите да ги крпат, други тргуваат со лични спомени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На прагот - домаќинката. И таа нѐ изгушка и откако собувме чевли и искажавме топли и убави зборови за убавината на куќата ѝ пожеливме мир и среќа, нѐ седна на миндер покриен со рачно исткаени килимчиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Илко и дедот Петко си га собуја чевлите и опинците и седнаа на постелата да се одморат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
дрво удрено од ровја, црно и го фаќам в гуша и го стегам колку што можам, а тој само потклекнува и кркори, небаре да брбори во вирче вода, пушта шапки и очите му излегуваат надвор, ко откатени ореви, бамуја, и потоа памтам само дека ме удри нешто по глава, и ми скрцка нешто во главата, мислиш некој џам ти се скрши во главата и после, кога се освестив се видов бос, ми ги собуле чевлите и чевлите ги видов на нозете од старшијата, оти после многу денови ме тепаше, ќе ме потепа, потепа, и ќе си фати настрана, и ќе се погледнува во чевлите, во ботушите, ќе се кочопери, ко петел на буниште, ама нема веќе што да ми земе, може само животот или калта од под ноктиве да ми ги земе, и сега еве се дотркалав и до ножот од брат ми...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Татко ти никогаш не моча стоечки и немој пак него за сè да го обвинуваш! - повторно просаска тетка ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)