Старецот се појавуваше од вагонот со својот глас, тврдеше дека му е убаво, дека добро се чувствува, велеше Скокам овде внатре и собирам сили за враќање, не е многу високо и многу широко, ама доста ми е, велеше, и потоа го пушташе својот глас во некоја песна за да се охрабрат и оние надвор, да можат да ги издржат студените ноќи и лошите соништа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ништо не ми е! - си зборуваше Бојан, собирајќи сили да се извлече од привлечното, стоплено легло.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Преземајќи ја сета вина на себе, не собираше сили да ја споделува загубата по синот со жена си, колку и таа со очите да го молеше за тоа. Ѝ ја препушти грижата за помалата ќерка нејзе, како што се отуѓи од сопствениот дом, навраќајќи не толку да се види и да преспие со нив, колку да се пресоблече и да ја избричи повеќедневната брада.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)