Поконкретно, обрнува внимание на опсесивноста со која некои геј-мажи ценат, сакаат и се фиксираат на нешта што многумина други ги сметаат за тривијални, ситни или речиси незабележливи нијанси на архитектонскиот или на внaтрешниот дизајн.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Конкретно, би се залетале, без многу-многу внимателно размислување, сите навики, практики, ставови или интереси што нашата култура ги дефинира како нешто немашко или како нешто што отстапува од конвенционалните норми на мажественоста да ги сметаме за „женствени“, без разлика дали имаат некаква врска со навиките, практиките, ставовите и интересите на некоја жена што навистина ја познаваме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На пример, Фелоус собира низа лични раскажувања што силно сведочат за степенот на страста на геј-мажите за естетско совршенство, за идеална убавина – појава што веќе ја забележавме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таквото лековерно верување во вистинитоста на конвенционалните поимања е сосема разбирливо, особено кога се темели врз толку длабоко вкоренети и навидум неприкосновени идеологии како оние што се однесуваат на полот и на родот, но тоа истовремено е и немудро и крајно непотребно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)