собира (гл.) - знаење (имн.)

Тоа е краткорочна, времена граната од значења фрлена преку јазичните барикади, која што го опишува способниот, вешт индивидуалец што собира знаење/комуникациска технологија и ги користи за сопствени цели - лично задоволство, заработувачка, принцип или развој.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Киберпанкерите се пронаоѓачи, инвентивни писатели, гранични уметници, филмски режисери што се впуштаат во ризик, композитори иноватори, независни научници, техно-креативци, одредени менаџери, компјутерски визионери, елегантни хакери, бит адепти, творци на специјални ефекти, видео-волшебници, неуро-пилоти, истражувачи на медиите - сите оние што храбро ги складиштат идеите и ги насочуваат таму некаде надвор, кадешто човечката мисла сè уште не ги допрела.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Работата многу си ја сакам, се трудам учениците да ги водам на добар пат во живото, да бидат чесни, храбри, да се борат, да учат и собираат знаење.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)