Можеби дури и брат ми го пратиле да нѐ побара на Млечен (така ние накусо го нарекуваме просторот околу Млечниот ресторан каде што лете се собираме ние децата од околните улици), па ако се вратил и ако кажал дека таму никој не нѐ видел попладнево, ќе биде голема паника.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Што ни требаше да тргнеме да ги бараме велосипедите, проклети да се, се прекорував.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Е, што не собрала машината, собиравме ние. Таму работевме петнаесетина дена. Клас по клас.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)