„Ааа... Та не оди пустиот“, рече Најдо од местото на нагорнината каде што беше застанат да собере душа, како што би рекле во Брезница.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А фатило една горештина нема каде да си ја собереш душата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А, еве како стана работата. Како што знаеме, дедот Јован Паленѕа бсше стар јатак на Толета и по настанот со Сивета во Старавина, Толе се прибра кај него и се провртка некоја и друга недела.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Избеганите се собраа Тановиот гроб. Бре што стана, бре како стана оваа работа што го нападна аскерот на ден пладнина? Одвај си ја собраа душата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)