снема (гл.) - струја (имн.)

Ако се случеше да снема струја, а тој да може да го отстрани дефектот, го отстрануваше. Ако не, се јавуваше во Б.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Покрај сателитска, АДСЛ и таблет не знаевме точно што ќе ни е, ама вечерта снема струја од громовите изгоре модемот и блескаше од штекерите, па седејќи во темното се сетивме на транзисторот, и со радост го пуштивме.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Само што седнаа да вечераат снема струја: „Ете, ни дојде волкот од шумата! “ извика баба Мирјана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Смирете се господине, снема струја. Мал проблем. Ситница.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Само што дојде снема струја, не завршивме работа.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Снема струја во топол летен ден и умреа од жештина пингвините што Џ ги чуваше во големиот фрижидер.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)