Верувам дека ќе можеш сама да се снајдеш во куќава.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Колку помалку човек во посмртниот живот ќе се снајде во гледањето на тој филм, тој толку повеќе ќе биде во она што го викаат пекол и обратно: - толку повеќе си во она што го викаат рај.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Турците што се иселија од Македонија делумно беа селани на кои им ги одземаа козите, делумно токму таа „елита”, граѓанштината, која совршено се снајде во Турција и денес таму е влијателна.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Дури може и солидно да се снајдат во односите со општеството.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Политичарите за кои редовно гласаше не умееја да се снајдат во апсурдноста на чудовиштето кое половина беше мир, а половина војна.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но, во исто време беше свесен дека не може да се снајде во целата таа ситуација.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Не сакаше да се бори, таа што беше бунтовен борец за сечии права. Не се снајде во ова време.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Оти не знаат дека кај Танаско и Пена се оди од левата страна по самиот стрм брег што не пружа голема сигурност, тие влегуваат во разејнатата уста и долго не можат да се снајдат во темницата, тропајќи на случајно надрабаните врати или на оние што ги откриваше некоја слаба светлинка.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Но тој не можеше, како татко му него, допрва да го земе за рака и да го контролира, да го дисциплинира и, едноставно, да го држи покорен; зашто, едно имаше отпор кон таков начин на воспитување во кое гледаше просто повторување на односот од татко му кон него, а и друго и времињата на нивните детства беа различни, па она што го имаше неговиот син тој го немаше во своето детство, така што не можеше да се снајде во него како што веруваше дака се снашол во своето.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Уште првата вечер грифонот брзо се снајде во своето ново живеалиште; прво детално го истражи станот продушкувајќи го; го обиколи целиот стан, ги издушка сите агли онде-овде каде што сметаше дека треба, посветувајќи се на тоа сè до времето кога стариот професор вообичаено си легнуваше.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Во нивниот внатрешен свет некои мигови, некои слики, некои настани, се откорнале од своите лежишта и го измешале редот во минатото; се измешале дури и минатото, сегашноста и иднината; се измешало дури и она што било и она што не било.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Има луѓе кои повеќе не можат да се снајдат во времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Постојат луѓе кои повеќе не можат да се снајдат во просторот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Такво беше нашето време, времето во кое израснавме, а Сара, Клара и јас знаевме многу повеќе од повеќето наши врснички – понекогаш ѕирнувавме во некои од медицинските книги на таткото на Сара, понекогаш ќе наслушневме нешто во салонот на Берта, понекогаш Клара ни пренесуваше нешто што ќе дознаеше од Густав, или од жените на кои им помагаше да се снајдат во животните невољи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Некои од нив не знаат што е блиску, а што далеку; други не разликуваат напред и назад, лево и десно, горе и долу; на трети им изгледа дека сѐ околу нив се шири и ги потиснува; има и такви за кои сѐ што е во просторот исчезнува, па допираат сѐ што им е при рака: ѕидовите, предметите, тлото – ама сепак им се чини дека ништо од тоа не постои. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дознававме и дека тоа исто време носи во себе и еден поинаков свет од оној за кој отворено се зборуваше и кој можеше да се види преку ден – зад премолчувањето на сексуалноста се криеше неискреност и хипокризија. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Го мислев Влатко како ќе се снајде во нова средина, ама гледам - нема проблеми, како што велите.“ „Супер!“ едногласно дорекоа сите.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Уште веднаш да ви кажам дека моето враќање во Скопје воопшто не ми донесе утеха, некаков надомест за сѐ она што ме снајде во Битола од проста причина што овде уште помалку имаше некој што можеше и сакаше такво нешто да ми учини.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)