снаоѓа (гл.) - во (предл.)

Малку време ми беше потребно да научам да се снаоѓам во метрото.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Снеже очигледно не се снаоѓаше во состојбата. Побрза на Виктор да му ги претстави гостите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со следново интервју ќе видиме како кликерашот се снаоѓа во оваа околина.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но вие сте повиканите што одредуваат колку се снаоѓам во оваа улога?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во секој случај и јас но и тој стоиме пред многу нејаснотии.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа, и неговата додатна дилема што мене ме развеселува а него, веројатно дефинитивно го дотепува; она сладникаво но и горчливо прашање, што самиот тој со тивок глас си го поставува: „Дали навистина ќе ја довршам со успех задачава, и како ќе ме наградат ако ги совладам безвредните тешкотии?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Браво! - и стана да ѝ се понуди на мајка ми за помош во кујната, зашто Тета е необично вредна и не може да поднесува несредена куќа, а згора на тоа постојано мисли дека мајка ми не може сама, без туѓа помош, да се снаоѓа во куќата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не поднесував никаква празнина помеѓу нас, а во случајов стануваше збор за амбис.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и решив да ја превтасам и да прашам како се снаоѓа во ваквите околности!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го прашав за животот во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ме прашуваше како се снаоѓам во животот по излегувањето од Гнездо. „Ете, чекорам,“ му реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, не би така! Козарите брзо се снаоѓаа во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)