Така беше и со зборот гајле, со ист корен во балканските јазици со османско минато, кој се пренесе од турскиот збор gaile (а овој од арапскиот ga'i ile), со значење (без) грижа, загриженост, мерак, проблем.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Роса го смируваше со благи зборови Ти да не се плашиш чичо Диониш, с врнаме на истото место.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Гурбетот беше варијанта на сургунот, бељата и гајлето се смируваа со сабарот и гајретот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко ми загадочно молчеше, трпеливо ја смируваше со благиот поглед на своите сини очи, од кои секогаш зрачеше надеж.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)