смилува (гл.) - се (зам.)

МАНОИЛ: Смилувај се за бога! Смилувај се!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
- Доста е, вели, смилувај се, многу е темница. Целата сум модрици по нозеве, вели, се истепав во темницана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И остана сила само да рече: - Господе, колку и да е грешно, смилувај се на моето чедо!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Смилува се бог...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)