смешка (гл.) - се (зам.)

9 ID Пред влегувањето во авионот за New York младиот службеник уште еднаш ги проверува пасошите. - Ваков сѐ уште немам видено! - вели смешкајќи се.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И виде Филозофот дека сум задуман, и излезе низ вратата, смешкајќи се со својата лечебна, загадочна насмевка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Излегуваше последен од колата и пред него сите се потргнаа, правејќи му место и смешкајќи се кон него, а селаните, гледајќи го тој почит, се веднуваа и се оддалечуваа мрморејќи по нешто под мустаќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека се вратам од кино да си ја изел! Хахахаха! (Повторно излегува)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста (Злобно смешкајќи се): Само ти смеј се, ѓаволче малецко. Само ти смеј се. Маргина 37 115
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Истата вечер Луман, изненадно, дојде кај деда Бошка. Влезе смешкајќи се.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Молчеше смешкајќи се и бараше сили во себе да најде начин да рече дека само тоа не бидува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Додека сонцето изгреваше ќе го потчукнеше со тупаницата одстрана камионот, а возачот, смешкајќи се му возвраќаше со едно „здраво“.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тогаш ќе го видев Тате како заковува или залемува, секогаш смешкајќи се при работата, и Мама како сета среќна се насмевнува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Татко ми стоеше сред собата, несмасно смешкајќи се. „Сврти се“, рече Мама.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)