смеша (гл.) - со (предл.)

Гледав по расцутениот кантарион што му се нишаше над главата, ко запалена свеќа. „Ако се смешаш со змии, велеше дедо, не можеш друго да бидеш.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Туку ќе нѐ истркала на една страна и ќе нѐ смеша со војниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, како што градот се ширеше, така гробиштата беа сѐ подалеку - живите не сакаа да се смешаат со мртвите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ама и таа се смешала со луѓето. Се провира меѓу нив, се чипчи за бутот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама со време, отрпнуваш. Оти си смешан со калта, заглибан, завеан.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама глув е веќе Витомир. Глуво е и времето, како што е глуво и дрвото, смешано со многу дрвја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Зошто ти е тебе лисник, вели Дуко Вендија. - Ами, да се најдам во работа, велам, колку да се смешам со народот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние, вистина, сме смешани со нив, ама секој си ја држи својата страна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се затвори небото, се смеша со земјата. Не се гледа ни поле, ни планина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)