Подоцна се појавија безбројни копии, но, како и во претходните случаи, “новата елита” за вреден го смета само оригиналот. Swatch Што се однесува до Swatch часовниците, тие настанаа како швајцарска реплика на евтините јапонски часовници, а станаа приказна за себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тимберланд е фирма која прва исфрли на пазарот висококвалитетни кожни мокасини со врвка провлечена околу ободот долж целите чевли.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
„Но ова се претпоставки" вели Поетот“ а ние, барем засега, можеме со сигурност да сметаме само на еден факт, оној, дека стореното зло во сонот не остава трага, па дури ни во случаите како во оној кај Данте: Верувајте видов и уште го гледам трупот кој својата глава место фенер ја носи лулајќи ја на мртвите коси! ...
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но веднаш наоѓам причина оваа посебност на моите размисли и да ја поддржам: оттука и оној самобендисан заклучок дека за среќа моите зборови се ослободени од хемикалиите што го поттикнуваат закостенувањето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За разлика од размислите на Даскалов, моите сѐ уште ги сметам само за обиди.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Како што во деветнаесеттиот век беше тешко да се предочи какви можат да бидат нештата без приватна сопственост, во осумнаесеттиот и раниот деветнаесетти век беше релативно лесно да се предочи еден свет без робови и ропството да се смета само како остаток од варварското доба - морално неподнослив за нашироко прифатените интуиции.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Швајцарците го прифатија предизвикот и за масовниот пазар направија релативно евтина серија на часовници со дигитална технологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)