Ване се намурти прашувајќи се каде ќе ја смести таа втора чаша, кога и така од првата беше не толку заматен во главата колку исполнет во празната утроба, но Геро толку настојуваше што веќе и не прашуваше и со задоволство однапред ги триеше дланките пред повторното бетонирање.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мал Борче пред некој ден во доверба ми рече дека Кире од кадровското го викале врбов прат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А ти, другар Ѓурчин потоа мисли му ја каде ќе ја сместиш таа навалица и каква работа ќе ѝ понудиш.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Низ каков сѐ чакал, плевел и горчливи мирудии се провираат водите на животот, и какво сѐ зелениште во него не вирее!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)