смени (гл.) - тема (имн.)

Саше се израдува на оваа идеја, оти очигледно веќе разговорот почна да не му се допаѓа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Уцената на мајка ми не беше фер, но помогна. Ја сменив темата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ти заврши, гледам, со школото – ја смени темата татко ми. – Да не е прерано?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Добро – се помирив – ајде да вечераме – сменив тема – имаш нешто интересно во фрижидерот?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Затоа по мала пауза молкома ја сменија темата со онаа која се однесуваше на напатствијата што Беренц неодамна ги доби од Берлин и кои, како што веќе е речено, чекаа на брза реализација.  Тие денови од крајот на 1943 година, пушејќи покрај прозорецот, Беренц во својата канцеларија го чекаше градоначалникот Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во тој след од постапки на градоначалникот, Беренц препозна блага нервоза и желба за одлагање на средбата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Оној твој Мечка, - ја сменив темата на разговор оти по малку ми стана непријатно од неговите пофалби, - навистина е огромен и крвожеден како ѕвер.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога ќе забележеше дека не можам да го следам во она што ми го кажуваше, правеше еден гест кој ни беше како поздрав, а и како знак да ја смениме темата за која разговаравме: со врвот на показалцот ми го допираше челото, па врвот на носот, па усните, и започнувавме да зборуваме за нашите мечтаења – посакувавме да заминеме за Венеција, само тој и јас, Венеција, која во копнежот по нашето заедничко постоење во тој град трепереше онака како што замислувавме дека трепери Месечината во водата на венециските канали, Венеција, со архитектура налик на тантела, која видена во книгите за тој град, пред нас во нашите замисли постоеше пореално и посилно отколку пред очите на многумина од оние кои биле таму, Венеција, секогаш кога ќе ја споменевме, како во некоја игра си ги приближував поддланките, спојувајќи ги местата на пулсирачките жили од двете раце, ги извивав малку прстите, правејќи така гондола, и запловував со гондолата- раце по воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Низ книгите ги откривавме и нејзините сликари, Карпачо и Белини, Џорџоне и Лото, Тицијан и Веронезе, Тинторето и Тиеполо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нема ништо од кладбата, ај да ја смениме темата. И секој сам да си ја плати пијачката.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)