смее (гл.) - се (зам.)

Го вратив погледот на време да го видам како експлодира. Плејбекот на едно целосно сеќавање го покажува Ралфи како исчекорува напред додека малиот техничар излегува од никаде, смеејќи се. 92 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„- Но, да видиме вредам ли уште за што и да е?“ – рече смеејќи се... Седна. Сите станаа на нога.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А Јан, качен на мостот, со невиден гнев, со невидена гордост, со јарост невидена, почнуваше да уринира врз светот, од високо, врз мрежа со електричен напон, над вагоните, лудачки смеејќи се; „Луцијоооо!“ викаше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Оди. Си платил, можеш да влезеш. А со мене не смеј се.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Ах, што ви е, само три десетки и тој така прегледува, па и рецептот... и јас задолжително сакав кај него затоа што ми рекоа... Што мислите господа, каде да одам, кај Ек или кај Боткин?“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Што? Каде?“, пријатно смеејќи се, се затресе телото на генералот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Смеј се, смеј и шегувај се на моја сметка, но како ми е мене, само јас си знам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Смешен си момче. - Смеј се и робувај му на стравот за својот живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арслан бег не го сфати најдобро Дамчета; смеејќи се гласно си ги разоткри намерите: Ќе си најдам, тики ако сите вие ми дадете само по еден филџан сол, мене ќе ми се собере цело буре.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Што да ти правам кога си слеп! - велеше смеејќи се, итајќи, весело мавтајќи со рацете ваму-таму, чиниш ќе летне.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Така смеејќи се, виткајќи се од смеа, заборави на казните, со двете раце сопирајќи си ја смеата рече: - Е, Леме, проклет да бидам, не се родил поголем шегаџија од тебе во целиот свет!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Стегни ги забите Леме и сонувај, рече сѐ така смеејќи се, не можејќи да не се смее и, како секогаш, почна муцката да си ја трие со рацете, да се премислува, да се одделува со мислите, да патува...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Неговото ситно сестриче, премногу мало за да ја разбере играта, седеше потпрено на една перница, смеејќи се затоа што другите се смееја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се тркалаше низ еден огромен ходник, цел километар широк, исполнет со величествена жолта светлина, гласно смеејќи се и извикувајќи признанија на сиот глас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
35. ПОАРНО СО УМЕН ПЛАЧИ, СО УЛАВ НЕ СМЕЈ СЕ - но јајцата велигденско шарени, божикно се исти - кое пиле ќе изведе, а кое ќе е смутка?!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Шо велите вие на вој збор? Сите четворица запреа да дишат, само Нешка ги тропкаше гровчињата на крстот и весело пискаше, смеејќи се и вртејќи се на сите страни, небарем сакаше да се пофали: што подарок ѝ донесе чичко ѝ Трајко!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Смеј се мори, смеј се, коа да не си видела како се гушкаат маж и жена! — пак ѝ се брецна, сега посериозно, мислејќи во моментот дека нему му се смее.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сите тие јунии и јулии и августи што некогаш постоеле, сега во воздухот околу тебе одеднаш, цврсто ти ги допираат рацете, летаат, задржани, а ти, смеејќи се меѓу нив.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Како си?“ го запраша смеејќи се.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога застанаа пред влезот на куќата во која живееше баба му, Илчо, иако премрзнат, направи неколку топки од снегот и смеејќи се гласно ги фрли на татко си.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Не смеј се! Навистина си таков. Мажиште! Затоа и се прашувам: дали се сепнуваат?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не смеј се бре, како улав пред прст!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Му... Му... — бивол! Што е!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Доаѓај ми секогаш ко ноќта Тивко плачи. Тивко смеј се. Тажи.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
4. будење Тогај се ведрам полека смеј се напоено време по тебе место мов израстуваат огромни мостови што укротени води ги враќаат во своите токови Оваа населба од сон заборави на лазење штом себеси и неа ја крена на крупните рамена свои
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Биди среќна. Нездржана смеј се.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Смеј се само доаѓај ко ноќта присутноста твоја да е талас несетно в себе што ме крие.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Јас врескам на сиот глас, им укажувам на опасноста што демне и на пропаста што набрзо ќе следи, но тие се држат за стомак и паѓаат од столчињата смеејќи се.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Ме скокотка! - вели тој смеејќи се.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Смејте се, - рече татко ми, - ама бато почнува со бизнис - и се чукна гордо по градите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Почнаа да викаат „Сиромаси Власи, бери дрва греј се, пули краци смеј се...“ Жените на тоа почнаа да се срамат и да им се подлутуваат „Уф,туф, како не ви е срам!“ ама не со лутење туку со смеење и кикотење.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Ајде сега строфата“, му вели. „Еве“,ѝ вели Едо и полека, ралатно и гласно рецитира: Сиромаси – Власи, Бери дрва – греј се, Пуљи пички – смеј се.'' „Со три повторувања.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Гледајќи така и смеејќи се како божем збунето и наивно, ме пресече стимулативното прашање на еден од неговите другари.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Смеејќи се си пиев спокојно по малку од џинот и се забавував со финото друштво.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)