сме (гл.) - умен (прид.)

- Не сме поумни од Англичаните, вели Мисајле Ковачот, тие знаат дека кучињата најмногу жалат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А јас нешто ќе ви речам - ако сме умни и претпазливи, сите ќе стасаме до своите куќи, до своите жени и деца, здрави и живи. Ќе се обесам ако не биде така.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Се спогодуваме како Онисифор Проказник веќе да загинал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)