сме (гл.) - среќен (прид.)

Понекогаш молчејќи разговараме... се посакуваме.. се предаваме на љубовта... тогаш сме среќни... Но сепак молчиме...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Да научиме да бидеме благодарни за сѐ, да го живееме животот со сензибилитет, со страст да љубиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Треба да бидеме свесни за тоа колку сме благословени и колку сме среќни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не смееше да ризикува зашто сигурно некој и него го над­гле­дуваше: - Ние, почитувани гости, посебно сме среќни што и вие, браќа по крв...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Што да ти кажам сега: СРЕЌНА ГОДИШНИНА? Зар сме среќни, ти под земја, а јас никако да те прежалам, дење-ноќе плачам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ако ние некогаш... па, и врескаме еден на друг, тоа не значи дека ние не сме среќни.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Го нема Русинот. Јас и Тодор Малинов чинам и сме среќни што класот не е испомешан.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Ова е моето семејство. Ова е мајка ми, ова е татко ми, ова е мојот сопруг, а ова се нашите деца,“ велеше, одвојувајќи ги гранченцата едно од друго. „Ние сме среќно семејство.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уште некое време ги поместуваше, едно по едно, гранченцата на крпчето, а потоа ги завиткуваше, и го враќаше своето семејство во џебот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„И ние сме среќни, татко“, рече тато Петре, „ова е нашиот заеднички дом...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Нели вечерва сме среќни родители - со синот Влатко и ќеркичката Мими?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Страв „Еднакви сме, луѓе сме, несреќни сме, брате Харуне, ти памтење, јас белег“ М. Селимовиќ, Дервиш и смрт Сличноста нѐ покоси како чума Замижи, ајде, уште да те барам Да бидеме течно бреме, вечна дума Кога не сме среќни, а не несреќни Во кој конак на времето ли те сретнав Како да ти дојдам, кога ти се ветив.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А зар ние сме посреќни од мртвите, вели. 110
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)