сме (гл.) - создаден (прид.)

И тој стои на ставот дека сите сме создадени од судбината, но и дека секој од нас ја создава.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Пријатни мириси и сон за кој не сме создадени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во еден дел од собата спие мајка ми со спокојство кое ме смирува, а најмалиот немир што го носи сонот и мене ме вознемирува.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мислам дека сме создадени еден за друг – рече Петар.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Велат, од земја сме создадени и во земја ќе се претвориме.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Ѕвездата јасно ми пее дека од иста библиска клетка сме создадени овој век, ова море и јас.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ја повторуваше таа заучена реченица: „Ние сме дојдени да не се согласуваме, ние сме создадени да го порекнуваме она што постои“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тешко е да ископаш ваков вид тајна од материјата од која сме создадени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Доволно е понекогаш жената да ја поведе за рака намерата да се стори со пород!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ах ние жените, зошто сме создадени волку слаби и беспомошни - шепотеше Анастасија додека удараше по перницата, иако, одамна ја беше извлекла од под навлаката и последната прашинка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)