сме (гл.) - свесен (прид.)

Ние сме свесни дека живееме на Балканот, каде што не престанале мешањата на народите, множењето на разликите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ретко сме свесни за својот сопствен кич.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но ние не секогаш сме свесни за себеси, за својата сила и за својата мисла.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Прелистувајќи ги книгите уморни од вечното трагање по тие суштински прашања, а не добиваме ништо друго освен банални одговори, медитацијата ме потсетува на стихови кои оставија траг врз полноста на моето постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но немаме време за медитации, до крајност се обидуваме да го истрошиме умот, зошто сме свесни за крајот што неминовно ќе дојде, барањето мир прерано ќе ни го покаже тој пат до крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Денес, кога ќе се употреби зборот “нација”, многу повеќе сме свесни за тоа што таа не прави и како таа не функционира, отколку за тоа како таа навистина дејствува.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Имаме ние многу повеќе од што сме свесни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Затоа треба да сме свесни дека тоа го дава вистинскиот квалитет на вкусот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Оваа монографија е втор обид тој интерес да биде задоволен.* Ние сме свесни дека, поради недостиг на доволно архивски и друг материјал, не бевме во можност да одговориме на повеќе прашања што во темава ни се наметнуваа и да ги пополниме сите празнини што се појавуваа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, ние сме свесни за важноста на нашите индивидуални мозочни ресурси.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Насловите преку кои другите го чувствуваат и го доживуваат Твојот неоспорен писателски статус безмалку никогаш не се оние теоретско-есеистички (твојата книга Пријатели, на пример!) туку се, секогаш и без исклучок, само оние белетристички: Татковите книги, Времето на козите, Атеистички музеј...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Колку и да се застапуваме за апсолутната рамноправност на сите видови книжевен дискурс, сите сме свесни дека сепак, сепак! ниту еден теоретичар, есеист, книжевен историчар или толкувач, херменевтичар не го ужива сосема истиот книжевен статус (за аурата и да не зборуваме!) кој на таканаречените вистински писатели им припаѓа по автоматизам (by default).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тешко дека овие музи со очила како што некогаш (одамна) ги нарекол луцидниот Ролан Барт (Roland Barthes), би можеле да се споредуваат со вистинските писатели оние што ја пишуваат таканаречената убава литература (belles-lettres).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И уште една важна работа: апсолутно инџ), „техно” (Т. Лири)... сме свесни за лекторско-коректорската несовршеност Оваа дескрипција ви ја на Маргина (меѓу посериозните нешта, на пример, е неускладеноста на виртуелно и виртуално), но се пот­турнуваме под нос само обидуваме, во рамките на нашите можности, јазикот на за да ве потсети: власта Маргина сепак да биде еден убав, урбан, современ и ви е на дофат на раката, лексички комплексен македонски јазик. само треба да се грабне!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Што ако сме свесни дека сме скоро потполно несвесни? Тоа ништо нема да промени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А шољата за тоалет со казанче – па зарем треба да ви објаснувам колку силно таа ги промени човечките животи?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Тоа е точно. Со нашата терминологија велиме: сѐ уште не располагаме со адекватен мериторинг систем за следење на аерозагадувањето, па затоа сме свесни дека проверката на квалитетот на воздухот не е ниту ажурна, ниту квалитетна.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ние не сме свесни какво богатство носи нивното течење.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)