сме (гл.) - дете (имн.)

Ние сме деца. Родителите ни се скарани. Плачеме.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Не треба да имате толку многу доверба – ми излета погрубо отколку што имав намера. – Вие сте возрасни, а ние сме деца, треба малку посериозно да ја сфаќате улогата на родители.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, не постојано да имате доверба и мирно и спокојно да си седите, оставајќи нè без контрола.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не сме деца да се лажеме со убави зборови.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Спонтано ја продолжувам имаголошката скица за „Блиските странци и далечните ние“, почната во анти-упатствата 66 и 67.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ние сме деца на пожарот и оганот – ние ја носиме душата на Човекот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Значајно место одвоив и за заедничкото летување со родителите на Црното Море во Варна, за кое тие рекоа дека им е „прв, втор, десетти и последен пат во животот“, а јас воопшто не се согласував со нив, зашто ние со Бреза таму се чувствувавме како да сме деца на најбогатиот човек на светот: сè што ќе посакавме добивавме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Зошто ми префрлаш дека сум стар, нели сме деца на јазикот и нели јазикот никогаш не старее?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)