сме (гл.) - ние (зам.)

Тогаш, ангелот веднаш те убедува дека знаеш да читаш, да го читаш животот. – ми зборуваше баба ми – Она што сме ние, што ни претставува нас е тоа она што спонтано, случајно сме го запаметиле во текот на животот, дали од читање, слушање од други луѓе или слушање на својот внатрешен учител, не е воопшто важно!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
За да се осознаеме, како единка или како нација на светлата вистина, чии чеда сме ние, изродени во генот македонски, на кој многумина во светот му подзавидуваат.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- А ние што сме? Зар не сме интелектуалци: доктор, професор, уметник, инжењер, економист? Што сме ние?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Во Рајчани, од таму сме ние. – им одговорија.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И така таа е веќе гнила...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Помошта сме ние, народот. А, народот е сила!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Историската вистина е проследена не само низ биографијата на главниот јунак, туку и со формирањето на Внатрешната македонска револуционерна организација во Солун 1893 година, движењето на социјалистите, формирањето на комитетите и кружоците, личностите на Даме Груев, Ѓорче Петров, Димр Хаџидимов, Пејо К, Јаворов, Димитар Гуштанов, Ѓорѓи Бродалијата, Пере Тошев и други.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Помошта сме ние, народот. А народот е сила!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ако сме ние сликари- скитници, овој што иде кон нас - тоа е наш реквизит - тоа е поет- скитник, - објаснуваше Кире.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Понекогаш коцкичките се местат како на пуримска лотарија, ако пак не, тука сме ние шадханите да ги наместиме како што треба.  Така се сретнав со таткото и мајката на девојката и им предложив Јехуда да ја земе Алегра од дома и да ја однесе на најголемата пуримска забава во Белград, што таа година се одржуваше во салата на „Еврејскиот дом”, маскембал под името „Митиката на Истокот”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Од онаму слегуваа шефовите на државите, а тука каде што сме ние сега, беа нашите останати поканети, преживеани логораши, нивни потомци, претставници на еврејските заедници од Америка и речиси од сите европски држави, нивните семејства.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога ја погледнав мајката за поддршка, таа кутрата, научена прв и последен збор да има маж ѝ, само безначајно кимна со главата и срамежливо се насмевна, исправајќи ја престилката во скутот и гледајќи некаде пред себе.  „Така мислиш?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Друго сме ние, што сме работеле во полицијата - опаки сме ние!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ако ние треба да ги уништиме нив, тие мора да не уништат нас за да го спречат сопственото уништување, и ние мора да ги уништиме нив пред тие да не уништат нас пред ние да ги уништиме нив пред тие да не уништат нас... што всушност ја претставува точката во која сме ние во моментот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Прочитавме: „Ако случајно ви е тешко да погодите кој го има сторено тоа, еве да ви помогнеме - тоа сме ние...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но сѐ едно. Не сме ние виновни дека мајките нѐ родиле под патот што ги направиле куќите во овој дел од селово.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Што сме ние криви што играта така ја измислиле: еден те чува и трча како куче околу тебе, а другите те дрпаат, те штипат потргнувајќи се итро пред клоците на чуварот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Главче почна да се правда дека тој од дома не може да излезе, а камо ли кумитлак да брка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аир ефендум, ошче за кумити сме ние старите. Не гледате, едната нога веќе ни е во гробот, — му се испушти на стариот Главчета кој ги беше фатил 99те и ѝ се надеваше на стотата, која сигурно ќе ја фатеше ако не беше пријателот Арслан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Да сме домаќини ќе си седиме дома и ќе јадиме шо јадат домаќините, а планината лебами не paѓа леб.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А што сме ние ако не волци?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тивко дополни: - Мајко, додека сме ние на работа,никогаш нема да ги заборавиме помалите браќа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Нека открие кој сме ние, со толку нишани, стигнати до врвови, а сепак останати на дното.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Сине, - се надоврза Татко - нерастолкуваните зборови во сиџилите, тоа сме ние...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Да, тоа сме ние луѓето: слаби, неразумни, лоши...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И додавајќи го во филигран вулгарното намигнување на пост- модернизмот (не сме ние наивни).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Каде што престојував љубовта беше најпрогонуван порив Инаку за Одисеј боговите зар ќе смислеа Најзаобиколен пат кон саканата Пенелопа Реалноста е состојба на живот што си заминува А сонот е траг од копнежот што незнајно исчезнал Дали сме ние трагачи по реалноста престорена сон?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тие дарбини Господ тебе ти ги има дадено за да види кои и какви луѓе сме ние, а и ние тебе да те видиме на кој пат сме те извадиле.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Душата на глас вика. Таму кај што сме ние.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
А потоа, додека разговаравме за летото што ближи кон крајот, неочекувано, збунувачки неочекувано за мене, Иван изјави дека низ некој чуден превез сомнението постојано се труди да му прикаже нешто како привид.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Да зборуваме утре за тоа – реков – умни сме ние двајцата а притоа и сложни, решението нема да ни избега!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Сега веќе верувам дека тој привид ќе се осветли, ќе се престори лик! – неочекувано гласно го изнесе својот заклучок - Да не произлезе најсетне дека сега се сети оти мајка ти, или некој друг, ти има кажано а ти, којзнае зошто, си го затурил сеќавањето - се обидов да се пошегувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Штом сме ние под крушата, таа си дозволуваше и да си подреме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
ДЕПА: И ние како вас. Што сме ние поќотии од вас?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КОТЕ: Да сме ние внатре сложни, може да се најдат некои што ќе не споможат.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Роско, - реков, - дали сме ние без канарецот како слон без сурла?...
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Дедо ми ѕирна низ прозорецот, но не виде никого на улица.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ех, братче, лош народ сме ние.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Лош народ сме ние, еден од друг си ги вадиме очите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сите тие работи може да нѐ заменат; може да денотираат кои сме ние.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така, кампањите за малцинските права упорно го туркаат идентитетот (кои сме ние) пред субјективитетот (како се чувствуваме) и нагласуваат нешта како што се општествената еднаквост, придобиките од разновидноста, задоволствата на различноста, етиката на мирниот соживот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не знаевме каде ни беа родителите и тие не знаеја каде сме ние...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не ја прашав ништо повеќе. Идното утро, кога се разбудив, креветот лево од мене беше празен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Полека се приближив до крајот на мојата постела, и со шепот го префрлив просторот меѓу нејзиниот и мојот кревет: „Каде сме ние?“ Таа ги отвори очите и рече: „Во Терезин.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стапот, Господине, чувајте го за луѓето. Та, нели сме ние подобри од нив?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во последно време ние истапивме со барање политичка слобода, без да се допрашаме дали сме ние дозреани за неа и дали сега тоа ни е најнужното?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само согледувањето на тие своеобразни црти во карактерот, наравите, обичаите, животот, преданијата и јазикот на нашиот народ е важна причина да сме ние против делењето на нашата татковина и за нејзината автономија, зашто дележот ќе ни искорени сѐ што ни е мило и ќе ни наврзе многу противно нешто на нашиот народен дух.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За да се достигне таа цел требало да се состави одделно друштво од лица за кои изучувањето на Македонија во етнографски, географски и историски однос има првостепено значење; а такви лица сме ние Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Тоа е тоа, тоа сме ние!“, пак се проби продорниот глас на П. Вулкански.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Јебана какофонија, тоа сме ние!“, резигнирано помисли младиот г. Абов, и згреши. Не може „помисли“.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ги делев новинарските статии во кои беа наброени имиња на авторите кои со своите дела (не знам на кој начин) „ќе ја откријат душата на народот... ќе ја оформат свеста за тоа кој сме ние како народ“ (цитат од говорот на Старделов на промоцијата на првите десет тома).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ама што народ сме ние, луѓе?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не беше ли така кажано во Библијата што мајчето Минадора ни ја читаше еднаш во годината?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие коски ќе нѐ задушат. Ќе се обесам, ако не се случи.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дмитар-Пејко го нема, сега и волето му го сотревме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Тргни се. Никола Влашки и Пандил Димулев поубаво знаат како ќе му помогнат. Што сме ние?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не ќе има кој да нѐ закопа. Утре и нашите коски ќе дават намерници и улави денгуби какви што сме ние во ова стојбиште.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„За неговото изгорено месо сега е лек крв од желка. Може и крв од лилјак.“ „Да му дадеме да се напие вода?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа рече господ: да создадеме човек по своја лика-прилика како што сме ние и кој ќе биде господар на риби морски и птици небески и на животни од сета земја и на ѕверови што се движат по земјата ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не сме ние првите, ниту последните што се соочуваат со сево ова.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Господата од Министерството ја фураат истата принципиелност (патем, убиствена спрема сите помали и посиромашни издавачи ко што сме ние), а згора на тоа и тие немаат пари.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Оти тоа сме ние, маченици, по она што го направи ти на ан кај Богатиновци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- По Вирово сме ние. - По Вирово иди Мренога. - По Вирово којзнае кој иде, вели Лазор Ночески, оти војната е облак, порој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Овдека, вапери сме ние, му велам, а војникот го собира челото, образите, размесува некакво тесто на лицето. Си прави ситни џебурки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А што се случува Бојана? И што сме ние?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тој бездруго е повеќе мртов отколку што сме ние ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тука сме ние. Тоа сме ние со нашата соголена вистина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
†6 прашање: Започна ли нашата работа? ако започна, во што се состои? одговор: Нашата работа сега ќе почне, а таа се состои во регистрацијата на светот, затоа што ние веќе не сме светот. прашање: Но, ако ние веќе не сме светот, што сме ние? одговор: Не, ние сме светот. То-ест, јас не се искажав сосем правилно.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И така Татко и Камилски ја завршија работата околу зборот табиет, за кој претходно мислеа дека ќе имаат многу работа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Согласен сум, брате мој, со предлогот, не сме ние тие кои ќе предложат во историјата брзо да се промени смислата на овој збор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не го минуваме тој праг. Навикнати сме ние преку ограда да бегаме.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Татко, кажи ми, вистина ли е дека сите луѓе, во сите земји имаат леб, надежи и национална химна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зошто сме ние толку гладни и бевме многу тивко тажни песни!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Викнав пак по чичко ми, а тој ми викна: Тргни се, тоа се сигурно нашите борци што пукаат, не се известени дека тука сме ние ударници.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Од левата страна на педесет сантиметри доаѓаа куршуми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И тука, во судницата, тогаш, во тој миг почувствував дека јас и Ема сме ние, и знаев дека и Ема почувствува дека таа и јас како и секогаш и тогаш, во судницата, бевме тоа – ние, кое никогаш дотогаш, додека бевме заедно, не го изговоривме така.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Маме ви ебам“, им рече Андон, удирајќи ги двете по задниците со широко отворени дланки на што Лилица се изнасмеа необично гласно и, благо допирајќи му ги тестисите со раката пуштена зад себе и вовлечена меѓу нозете на пријателот, му шепна: „Малку ли ти сме ние двете, куре едно?“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не гледал ли дека утрото го сменува денот, а летото есента и зимата, а? Сега сме ние тука.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Каде сме ние, среќници во блискоста што ги отвора порите на невидливото ние, замолкнати од сопственото безречие ние, телесни во играта на соништата застануваме зашто ангелите одат пеш кон нас.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Тие сте вие, а? – се сети Мехмед за преписката што ја водеше Сулејман со прилепскиот кадија за буната во Мариово, бидејќи беше запознат со сите султанови работи, па и со оваа. – He сме ние бунтовници, везир ефенди, не!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ТРОШЧЕЈКИН: Јас дури сега чувствувам колку сме ние бедни, беспомошни.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Такви сме ние старите! — и го пренесе разговорот на вујка му Ѓура, Бугарите што „кршија глава“, на Бугарија, додека не се врати назад — на поп Петка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море кој ни дава нам чупе, сиромаси луѓе сме ние, попче, токо ете, вака, нека се живи пријатели, село и селани, и свадба ќе направиме, и госје ќе тераме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Анџак сме ние обајцата тука, маските, нека му се живи на Ила, се тука, вака, ќе си вјаниме ние со тебе утре рано, ќе си и дупниме горе Мечаила.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кока-кол'та в жили ни се лее, Бел'та куќа саде ни белее, не сме ние Фиромци абдали: твојте мисли - наши идеали!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ние сме луѓе со забрането, со загубено минато! – додаде Мајка. – Знаеш ли, мила моја, кои сме ние без минатото тука, на Балканот?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Не сме ние повикани за такви расправии... - рече Стивенс.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Каква сме ние војска? Никаква. Секој по своему.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Каде сме ние во таа слика?
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Такви сме ние, помислував, се качуваме секогаш во возот за кој се знае дека касни, а за долгото возење и за задоцнувањето на целта ја прогласуваме виновна судбината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сѐ на сѐ мене ми преостануваше уште само да се соочам со вистината дека ѕвездите за жал не ми беа наклонети; дека, Катерина, дури и да не спие, и најлудо да тропам нема да слушне и нема да ми отвори поради она лудо ревење на добитокот од месарницата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не сме смееле да се впуштаме во љубовни игри а потоа да ги отфрламе кутрите заведени индивидуи, а згора на тоа и не сме смееле да глумиме дека не сме ние виновниците во разгорувањето на нивната болка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ми се крши ко суво стаклено цвеќе во раце, под нозе, на срце во мозокот ми удира ме заклучува ко да сум казнета со катанец, од надвор правам сѐ да ме нема можеби така ќе се спасам ќе фатам џенем некаде усвет, некаде кајшто никој не ме знае и нема да му падне на памет да ме оспорува оти такви работи не им паѓаат на ум на нормални луѓе ама овде сѐ е можно овде ние не сме ние светот е превртен наопаку ние газиме по шилци ако нив ги промашиме ќе нагазиме на мина ако неа ја промашиме ќе се фатиме во стапица ако и стапицата ја промашиме ќе удри гром ако и громот нѐ промаши ќе се изедеме еден со друг.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Исхак и Аја сме ние, тие она што не сме крајот уличарски се нуди човекот во туѓи мени губи ти се колнам, Време: си било едно нешто за многу века во сомнежот се заљубила река. Кога ни ти дојде, ни јас те чекав...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Каде сме ние Курта?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Кој сме ние? Што е се ова околу нас?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
- Сиромаси сме ние, - рече Трајанка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сепак Трајанка намуртено рече: - Од Брезница сме ние.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Кога нѐ исфрли судбината на овој брег, ни нарача оти големиот час ќе пристигне!“, вели тој, богами, како Каламатија да држи говор кога ќе го избереа за народен пратеник.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не сме ние малкумина". Вели патетично тој.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Добро сине. И друг пат ми имаш речено дека таков народ сме ние. Свртени назад. Загледани во себе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Каде сме ние?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Што е тоа што зборуваш, чорбаџи Давадосе, не сме ние арамии и паликуќи!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Оставете ме! Ај одете си!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Што сме ние криви што играта така ја измислиле: еден те чува и трча околу тебе, а другите те дрпаат како кучиња, те штипат потргнувајќи се итро пред клоците на чуварот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Улогата на учител е натурена. Сите сме ние ученици.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ти ги љубам градите кротки на кои лежи студена жолтата каверна на ноќта да ти ги покренам двете гранки безлисни Слези подлабоко од тревите под нас е сѐ жолто Се нуркаме во заедничките длабочини по смислата на оваа долга ноќ што нѐ соединува во нашата брза љубов Што сме ние двајцата што крадеме од тишината кога молчат сите прозорци жолти Дали да се вратиме во нив како сомнамбули со парче смисла во очите Или да се препуштиме затворени во ова длабоко нуркање сред ноќта што нѐ открива со една утеха за сите мртви шумови што молчат од прозорците над тревите жолти
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Кракатау: Прашање: а) дали ова е џез, б) дали ова се четири лудаци, в) дали ова е радио-драма, г) дали сме ние хомосексуалци?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Каљостро: Глеаш собрание, Чкаља, Мики, Развигор, Мики и Славко, Чики и Мики и уважените пратеници Чат, Пат и Мат?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Каљостро: Полуција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кракатау: Вие, господине, мекокутроглав, не се ни претставивте, упаднавте овде туку-така... (пренегамањето продолжува)
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кракатау: Вечерва смогов низ градот се сече со ножици или со лажици можете да го сркате, по желба, а ние се пробивме до ова темно катче каде што ни едно пиле не пее, кадешто ни глувците немаат мир, а еве, кога доаѓавме, дури и Шарко, студентскиот беден Шарко избега од нас, како параноичен глушец, ко да сме ние двајца некакви си фантоми, ви се молам, некои смоговски џукелчиња од чад, ти ебам, кога и кучињата бегаат од нас!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Каљостро: Така, ако сте дрогирани, претепани, пијани, за да се вратите дома, тука е сома.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
147 Политизирајќи ја свеста на гледачите преку очудување на познати архитектонски обележја, проекциите на Водичко интервенираат во урбаната топографија произведувајќи нови значења и пораки, 146 Rosalyn Deutsche, “Art and Public Space: Questions of Democracy,” Social Text - No. 33, (1992): 43. 147 Krzyszrof Wodiczko, “Strategies of Public Address: Which Media, Which Publics? ” and “Discussion,” in Discussions in Contemporary Culture, ed. Hal Foster, no. 1 (Seattle: Bay Press, 1987), pp.42,48, цитирано во Erika Doss, “Raising Community Consciousness with Public Art,” American Art – Vo;. 6, No. 1, (Winter, 1992): 79-80. 116 принудувајќи гледачот да го преиспита политичкото кое што лежи во основата на архитектурата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тие го постигнуваат тоа не преку негирање на доминантниот дискурс на историска меморија и потрошувачка, туку преку влегување во дијалектички разговор со јавноста, во обид да се воспостават односи меѓу различни историски рамки, симболички контексти, како и социјални и политички партии конфигурации: „За мене, централно прашање е каде сме ние денес со демократијата во однос на уметноста?
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
И тогаш помислив: - Зошто не сме ние?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Овие шарени точки и точкички тоа сме ние - децата - нашето право е да живееме и да работиме во еколошка чиста средина.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кои сме ние што не даваме да нѐ покрстат?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
КАЈМАКАМОТ: Сите сме ние на пропатување.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
КИРО: Кои сме ние? Кој ги прашува жабите кога ги покриваат барите?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Според нив, ако веќе требало некој да биде обвинет за таквата советска политика на Балканот и за наметнувањето на комунистите во народноослободителните движења во Југославија и во Грција, секако не бил СССР туку "тоа сме ние самите".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тој момент сметале дека "Русите само може да седат во заднина и да гледаат како ние ја вршиме нивната работа".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Дали го познавам? Их, мајче, па ти прашуваш дали го знам! - тој му намигна на другар му, велејќи: - Кажи, Кољо, колку другари сме ние со Ташко?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Што сме ние, бре, селаните?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Знаеме дека постојат многу различни елементи во уметноста што се важни, дека би било тешко да се напише книга.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во Кина денес постои голема бурна расправија и дебата “Што сме ние?, дали сме комунисти, дали сме сѐ уште во минатото, дали сме дел од светот?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Па...види, Енди, почна откако неколку минути внимателно ги гледаше, една од овие две е обично срање, едноставно на неа се наоѓа од сѐ по нешто, а втората е посебна -таа е нашето општество, она што сме ние.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога А.А. забележа дека е отиден предалеку и дека сме ние сепак „друга публика“, макар што јас постојано внимателно го следев, а тоа најмногу го поттикнуваше, на крајот упати јасни пораки до нас: - Внимавајте, почитувани гости, Атеистичкиот музеј на нашата пролетерска земја не е наивна институција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мајка еднаш ни рече дека додека е Татко со книгите, додека сме ние со нив, несреќите што ги носи балканската бегалска судбина полесно се совладуваат, избегнуваат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Складност на вреднувањата на другиот со нашите ни е потребна, за во нив да го чуеме неговото почитување, потврда или признание на нашето самољубие - нешто што не можеме да го добиеме од некојшто не ги прифаќа нашите норми.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А овде сме ние - безвредните смртници, робувајќи наоколу, овде долу, во евтино изнајмените живеалишта.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа можеби и можеме да се согласиме со антрополошките претстави на првите сонувачи за секуларизирани политички уредувања, чиишто наследници сме ние.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Концептот на индивидуи со право на избор и идентитет делува сосема лудо, ужасен кошмар - не само за авторитарните бирократи, туку и за здраворазумските либерали.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ние луѓето, сакаме другите да го сакаат она што самите го сакаме, и да го мразат она што самите го мразиме; сакаме складност со другите, но нарцисистичка складност, во која што ние ќе бидеме извор, а другите само нејзин гмечлив предмет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Што ли работат тие кога в училиште сме ние?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Или: „Учењето е големо делание и дека сме ние деца на ДОМОВИТИ родители“.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Што е наважно, таа верува дека сме ние добри луѓе.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се засрамив од тоа што се покажав несмасен и што се имав вомјазено поради знамето, ама такви сме ние машките понекогаш.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Абре, Брезничани сме ние! Ваши луѓе! - Свои! - викна Шишман по него.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Долго молчеа додека пак, Србин рече: - Не сме ние со таа среќа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кој овде е свој ако не сме ние тројцата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Па и може, си рече за да се убеди во тоа, зашто сме ние само двајца.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Нели сме ние несреќните луѓе?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Нели сме ние оние нападените во сопствената земја?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На едната сме ние, на другата оние.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Значи, попусто е кога ви велиме дека нам можете сè, ама баш сè да ни кажете, и најстрашните нешта што сте ги сториле ние ќе ги сфатиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тетка ми Ана вели дека сме ние кич деца, братучед ми Саше и јас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Други се тие заеднички моменти, а сосема друго кога сме ние двете сами. Уште ако дојде и брат ми...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И се чуди од каде такви излеговме, таков чурук, вели, да не може човек да поверува дека воспитувањето има толку мала улога во развитокот на децата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знаеш ти какви родители сме ние, за сè имаме разбирање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)