сме (гл.) - стигне (гл.)

Мајка уште ми кажуваше дека во ноќта кога сме ја минувале со стариот семеен чун невидливата граница на самото Езеро, таа толку силно и длабоко се молела во себе што Бог сигурно одговорил на нашите молитви и ние спасоносно сме стигнале на другиот брег.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да видиме, велам, да мериме, до која длабочина сме стигнале. Другите молчат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пред повеќе од 25 илјади години сме започнале со камени ножеви и на крајот на краиштата сме стигнале до делење на атомите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако сме стигнати, тука сме! Ноќта ќе нѐ нафтаса во бавчине...
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)