сме (гл.) - стане (гл.)

Ни велиш дека со вербата наша сме станале пример за сите христијани во светот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
АНЃЕЛЕ: (влегува и уште од врата). Панде дојде да види али сме станати. Добро дошла, кума. (Ѝ ја бацува раката).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Лилјаци сме станале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се накачуваме, се извираме, сме станале сеништа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мораше да се дистанцира од политичките борби иронично предупредувајќи: Ние сме станале жртви престорени во џелати!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не можеше да се помири со меѓупалестинските несогласувања и делби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Одиме по ливадите и штипкаме киселица. Ко ’ртки сме станале. Се гледаме, а не се познаваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, врвеле коли и ја испресекле лепешката и ние од една лепешка сме станале многу лепешки, многу гомна... Сите ги видов овдека и сите исто смрдиме. 71
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А кога сме добиле разум, кога сме станале свесни за себе, сме се одвоиле од неа и сме почнале да ја владееме, да ја потчиниме.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)