сме (гл.) - сака (гл.)

Или, кога сега размислувам, не сме сакале да го прифатиме тоа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Прозборев со две другарки, и се сетив дека и ние како деца и млади не сме биле простодушни во нашето однесување, дека сè што сме сакале да направиме, сме направиле без дозвола од нашите родители, кои, нормално, исто како нас сега, ги прегазило времето и биле еднакво глупави и инаетливи, па и од минатиот век уште, од што нашите беа поштедени.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И речиси секогаш сме на расчекор помеѓу тоа да се следи судбината или да креираме сопствена судбина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Потем продолжи гласно да го слушнат другите за­дол­жени за мојата судбина во родната земја: - Што сме сакале да порачаме само ние преку Атеи­стичкиот музеј, а испаднало нешто друго, како на пример, во Вашата глава?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А кога ќе сме ја доживеале убавината на новораѓањето не сме сакале да се помириме со сознанието дека таа збунетост што ја создава младоста кратко траела.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да ги оствариме соништата, да ја најдеме среќата, да станеме најдобра верзија на нас самите и лица што од секогаш сме сакале да бидеме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нашиот другар гордо ја држел главата како да знаел што ќе се случи, како да знаел дека е дојден денот и часот што долго го очекувал, за кој ни говорел, но ние не сме сакале да му веруваме зашто не сме знаеле дали буден сонува или засонет говори.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)