сме (гл.) - има (гл.)

Потоа му вели на Васила Митрески Донеси четири помали камења и додека Васил оди да донесе камења, тој на другите, покажувајќи им ја тутурката, им вели Ова е планот на работите што сакаме да ги соѕидаме и вели Божем затоа досега не сме можеле да добиеме одобрение за ѕидање, оти не сме имале план.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И после не сме имале геостратешка политика.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Ти ии! шо такцир сме имале, живи да нѐ печат агите, бесот да и вати и едните и другите!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Шо не тргате маки кога јас сам си оде, токо кога нарипате вие со Бешот ондеа и ниа даскалите и офицерите шо ме подмамите и мене!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го видоа ова Илија и Митре, и овој последниот позабрза пред Толета и уште оддалеку почна да вика: — Селани! Не бегајте, не плашете се!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Леле, мајко ти мила, шо сме имале да тргаме, орлите месата да ви и тргаат на белото видело, да рече господ златен!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но ние се сметавме за каури, христијани и рајати и помниме дека сме имале наша каурска и рајатска царштина, но сме ја загубиле на Косово Поле, кога им се налутил господ на нашите предедовци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи и годинава сме имале богата жетва.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не паметам за Сурова да сме имале поголем оган од таа година.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Долгорочните прогнози покажуваа дека ќе сме имале сув ноември, па и декември и, тоа би било поволност, но...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ги рашири рацете, огромни цврсти, како да се подготвуваше да ги прегрне сите пред себе, па со замрежени, разнежени очи, кои не прилегаа сосем на неговата машкост и коравост, рече: - Е, сме имале среќа, голема среќа, сите вака собрани, место да плачеме и да темнееме, да се провеселиме, да се порадуваме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ЕВТО: Што лажеш? Што не кажеш дека никогаш ништо не сме имале, дека ништо, нема да имаме.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Наместо да се запрашам што ќе ни е уште, побогу, да се занимаваме со бродвејскиот мјузикл – или со сентименталните љубовни песни, со дивите, со големата опера, со старите филмови или со совршеното внатрешно уредување – сега кога си ги имаме геј-идентитетот и геј-сексот, јас, ете, си заклучив, иако инстинктите ми велеа друго, дека е поитно да се постави спротивното прашање: Што ќе ни е, побогу, геј-идентитет, кога си имаме (како што сме имале отсекогаш) геј-идентификација?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо тоа, таа покажуваше женски ѕвезди или диви со кои се идентификуваа постарите геј-мажи, изгледа зашто тие предосудени, трагични ликови беа одраз на долните услови на нивните бедни животи и од нив одекнуваше архаичниот облик на машкото геј-постоење од кое ние сме имале среќа да избегаме – од кое нè ослободило геј-ослободувањето.40
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„А пушкава, чија е?“ „Ние никогаш не сме имале пушки“, со притаен глас рече Онисифор Проказник но веќе сите знаевме чија била таа пушка и чија била пак по смртта на вистинскиот стопан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Кога шејтанот го споменува името на мојот алах, ќе се тркалаат глави. Прашав за Сафет-бег. Го познавате ли?“ Молчевме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа второ патување од Гаково до Скопје фиксирано е во Дневникот, а еден добар дел се наоѓа и во Плочата на животот, дека добро сме патувале ние неколкумина, дека приемниот поминал во најдобар ред и дека сме имале неколку убави денови на Вардар над Градската плажа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Затоа, Нумо, велам, дека ние не сме биле наивни. Само не сме имале ум.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со Југославија отсекогаш сме имале одлични односи Излегував задоволен, охрабрен од претседателската палата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаме, значи, искучителна шанса, каква што досега во историјата не сме имале.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Никогаш не ќе имаме, ниту сме имале, работа со некаков “транспорт” на чисти означени од еден јазик на друг, или во рамките на еден и ист јазик, што означувачките инструменти би го оставиле невин и недопрен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Некогаш сме имале искрена желба, сме спроведувале активности и сме имале цел, но реакцијата, одблесокот на нашата желба подоцна се остварила во време кога ние сме се измениле и веќе тоа не го посакуваме – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ние не сме имале смелост да разговараме пред постарите, ниту да присуствуваме кога тие требаа нешто да се договараат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Зашто сè додека не сме имале разум, сме живееле во склад со неа, со нејзините закони и со сè она што живее во неа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)