сме (гл.) - знае (гл.)

МАЛИОТ: Како не сме знаеле? Отсекогаш знаеме.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Нашиот другар гордо ја држел главата како да знаел што ќе се случи, како да знаел дека е дојден денот и часот што долго го очекувал, за кој ни говорел, но ние не сме сакале да му веруваме зашто не сме знаеле дали буден сонува или засонет говори.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кај сме знаеле како е испланирано одозгора, од другите глави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сме знаеле да застанеме поблиску до него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никој не сме знаеле дека си останал жив, па не верувам ни Антица да се надева.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А не што сме знаеле оти сте се се сакале.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ние децата не сме знаеле и никој не знаел дека во куќата имавме скривница.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Но Џули, не се случи така,“ се обидов да бидам разумен, иако ова не беше прашање на разум како ни било што друго помеѓу нас.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Но што ако ја најдевме? што ако - знаеш - што ако, откако ќе се онадевме, влезевме на ноќно пливање и ја најдевме неа во водата?“ рече ти одвратувајќи го погледот од мене и почнувајќи да шепотиш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Не дека сме можеле нешто да сториме за неа дури и да сме знаеле дека е таму.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)