сме (гл.) - дојде (гл.)

Разбирањето на односот техника-тело како опозиција на техника-природа, за мене е погрешна претпоставка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Природното“ тело, она со коешто сме дошле на свет, е производ на техники што се покажале како преживувачки успешни и имале шанса да се репродуцираат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ние, засрамени, не знаевме како да му кажеме зошто сме дојдени.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сум прочитал некаде дека уште пред три илјади години сме дошле до сите важни идеи, можеби сега ставаме само нов пламен на стариот јаглен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мачно е, но овде сме дошле за печалба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога појдовме заедно во канцеларијата на воспитачот и кога Бане му објасни зошто сме дошле, тој прво се намршти, а после ни рече да ги кренеме нозете.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Туку наши луѓе сме, си живеал со татко ми, да ти кажам отворено: Ние сме дојдени навистина по бравите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Да се вратиме од кај што сме дошле. Дома!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Ама“, рече некој, „кога ќе не видат таму на некој пазар дека сме дошле со летање, којзнае колку ќе ни побараат за една рака сол!...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И знајеќи дека таму кај што има борачка има и плачка, и знаејќи дека таму кај што се собрале Арнаути има и кавги кои секогаш со лошо завршуваат за христијаните, ги одведе потковичаните на ан кај Стомнаровци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, кутриот, сиот онемен и сиот пожолтен, не од страв од борење со Иса, беше сигурен дека нема, не се родил човек кој не може да биде кутнат од него, туку од еден сон што го сонуваше ноќта помеѓу средата и четвртокот (тогаш, во сонот, од една џган, од сите вери и раси, насобрани на една непозната ледина се зададоа две црни кучиња и едното еднаш го укаса долу во слабината, а другото двапати горе за левата плешка, а од песните и од кажувањата на стари се знае дека ако те укаса на сон црно куче, значи те укасал душман, поправо те укасал нож или куршум од рака на душманот) само гледаше во Максима и затоа се почувствува многу олеснето кога тој рече Не сме дошле да правиме борачки, Хаџи Ташку; имаме да свршиме многу работи а една и со тебе, да се измириме, но првин да ја свршиме оваа со Мустафа ефенди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Влавот, бре, значи ние кои сме дошле тука, поправо нѐ донесоа од Епир, знае да чува овци и кози, сирење, кашкавал, урда да прави.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дека опасноста од тоа дека можеби сме дошле до таков раскин им е на ум на критичарите на трагата на Борхес/Дерида - во тоа нема сомневање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мојот пријател и колега Џефри Хартман во една своја книга зборува не само за чување на текстот (што е наслов на книга), туку ја завршува книгата со извонредното размислување за зборот како рана кое јас би го насловил критичарот како врач. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 22
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Знајш, али не знаиш?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ејди, синко Силјане - му рекле старите - ние сме дојдени во вашето село Коњари уште не беше роден ти; Ние сме живееле на вашата куќа и во вашето поле, да затоа ти знајме сѐ по име од дома, чунки ние се слагаме како од вашата куќа; ние знајме сѐ што имате дома, ем поарно од тебе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Знаиш, волу, што сме дошле при тебе?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ја повторуваше таа заучена реченица: „Ние сме дојдени да не се согласуваме, ние сме создадени да го порекнуваме она што постои“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Не ти требало, Огнене, му велиме, не сме дојдени за јадење, а и не сме гладни, го лажеме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нѐ гледа уплашено и рини од тиквата со корупче. Му кажуваме зошто сме дошле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Остави го тој твој дедо нека си почине. Не сме дојдени заради него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ослободен во набожната покорност да господари и да ги држи дизгините на туѓите судбини, не можел да сфати зошто се буни крвта на неговиот имењак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Рече да си одите, да не јадите ќотек. – За ќотек сме дојдени ние, агачко, за ќотек.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Ќе се проучи... Ќе се види... Затоа сме дојдени...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Да ги видиме нашиве... државниве... - се насмевна. - Она за што сме дојдени.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
– „Ејди, синко Силјане, му рекле старите, ние сме дојдени во вашето село Коњари уште не беше роден ти; ние сме живееле на вашата куќа; ние знаеме сѐ што имате дома, ем поарно од тебе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Како да сме дошле во некое небесно црквиче и тука да сме запреле.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден ден го прашував татко ми за мајка ми и тој ми раскажа дека ние сме дошле од Чемерика во Крњево, јас тука сум се родила, мајка ми била вистинска Крњевка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога сме дошле на Витачево имало голем снег.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ТРЕТАТА ЖЕНА: Имам право да истражувам зошто сме дојдени на овој свет, на оваа планета, каква е смислата на нашето раѓање, растење, минување низ најразлични маки и тешкотии, влегување во брак, повторно раѓање на децата кои минуваат низ исто толку маки, учење на разни вештини, желби за осознавање на светот и сѐ со мисла дека утре ќе бидеме среќни, а потоа губење на истите тие способности во староста и на крај умирање, исчезнување.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не се исплашила, само им рекла: Добар ден, повелете на бостан!, а тие – Не сме дојдени за бостан, туку за тебе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)