Малата Ервехе, штом си го слушнала своето име, ја облеало руменило по лицето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Ќе дојде некогаш и тој ден кога ќе морам да ја слушнам својата желба!“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Нели, токму така еднаш бев рекол.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Шалтерот чкрипаво се отвори и јасно го слушнав своето име.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Добро вечер, Август, го слушна својот глас. Имаш ли нешто да се напиеме.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Да не подранив малку?“, го слушна својот глас, и самиот изненаден од сервилноста со која му се обрати и тоа на вратарот кој наеднаш се најде пред него.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Така почнаа. Ноќе копај во ќошот, со разни парчиња железа што им беа доставени од луѓето на Организацијата, полни ги ќесињата што ги направија од своите крпи за лице, а дење турај ја земјата во клозетите, која водата ја носеше надолу по ѓериз и ја исфрлаше во Драгорот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ете го мојов план накусо: ние треба да почнеме со копањето уште веднаш, та до пролет да ја свршиме оваа работа, ако сте согласни, — заврши иницијаторот на бегството Никола Каранџулов и застана да ги слушне своите другари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)