Никакво чудо не е да сме предадени, — и се заслушаа сите: ќе чујат ли и сами некаква бурија. И не се излагаа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И на двете војски овие пци им сториле абер, но ајде да поразмислиме малку што да правиме, — предложи тој.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
* По препирките на Студена, војводите и четниците продремаа по некој половина час, но веднаш ги изненади стражарот од „Боцкин Камен" со вест дека слушнал аскерска бурија откон Маково.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тивката јасна и свежа есенска ноќ даваше можност да се слушнат и петлите како пеат во Маково, Рапеш, Чаништа, та дури и тие од преку река во Бзовиќ и Старавина и на големо нивно изненадување, сега се слушна аскерската бурија не од Маково, туку од Старавина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)