Слушна чекори. Командантот на четата поминува долж рововите и наредува да го чистат оружјето.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Штотуку се беше вратил назад на првата глава, кога ги слушна чекорите на Џулија по скалите и стана од фотелјата за да ја пречека.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тропна надворешната врата, се слушнаа чекори, со тресок се отвори вратата од кујната и, - ете ти го Мирко. - Мамо, лепче!
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Во ходникот се слушнаа чекори што се оддалечуваа во правецот кон трпезаријата. Во близината на Центарот виеше пес.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Кога ги слушнав чекорите на татко ми, бев некако поинаку од другпат возбудена.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Дури и кога слушнав чекори зад себе не можев да се свртам.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Зад нас слушнавме чекори и свртевме глави.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не можев да се туширам затоа што како веќе да ги чувствував чекорите на тетка ми како нервозно маршираат пред вратата - кога наместо да слушнам чекори од ходникот, од шолјата слушнав само едно „клок-клок“ и регистрирав како водата од казанчето сосем се испразни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Куќата се тресеше кога тој слегуваше од катот, ама тој ден никој не му го слушна чекорот, не дека од страв човекот газеше внимателно, туку само затоа зашто лелекот по убиената Пинговица го надвишуваше и бозелот во дворот а не само нашите исплашени очи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)