слушне (гл.) - плач (имн.)

Се разбира тука е и оној најважен ден, да не го заборавиме, во кој за првпат го слушнав плачот на син ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зад себе тој слушна плач и липање.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Господе, - помисли Рада - сигурно не е живо. Навистина таа ниту го виде, ниту му го слушна плачот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
В ѕидот, пак, ко в кафез птички крилца го кршат тие гласот свој. Ткаејќи, таа слушна плач.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А потем слушнав плач женски, и зборови неколку неповрзани, и според говорот, знаев: внатре беше ќерката на логотетот!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неочекуваното исчезнување на нашите гласови од собата ни помогна да го слушнеме плачот на Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И во тој ден се сметав многу богата. Најбогата...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)