слуша (гл.) - сѐ (прил.)

Растот ѝ даваше можност да гледа на сцената, а ушите ѝ слушаа сѐ што се зборуваше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Колоната по патот се зголемуваше со луѓе од другите села и се слушаше сѐ поголем рикот на добитокот и се креваше поголема прашина по патот; колоната често се прекинуваше, застануваа луѓето да се напијат вода на изворите крај патот, да го напојат добитокот и да се одморат, да се разладат од јулската жештина , која потпалувајќи го воздухот, им правеше трептежи пред очите; ставаа на главите лисја од лопушки, гранки, 'ржаница за да ги заштитат главите од сонцето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бучавата за којашто дури сега стана свесен го потсети дека синоќа, кога си легна и се затаи да заспие, ја чу истата оваа необична бучава и ја слушаше сѐ додека не се сети дека таа доаѓа од реката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со тоа, ако не се декларирате како народен уметник вие автоматски станувате болшевик и марксист, а штом сте тоа, вие немате духовен свет, не ја сакате татковината (многу години подоцна, откако заминав слушав сѐ уште коментари дека сум заминал затоа што не сум бил никаков патриот!), немате однос кон историјата и редовно имате руина од семејство.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И тој најпосле попустливо се потргна, пропуштајќи го момчакот, додека од малку подалеку почна да се слуша сѐ погласна свирка од гајди, тапани и гарнети.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Само стрпливо лежи и слушај сѐ што ќе речат лекарите.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Докторот го слушаше сѐ позачудено и повнимателно и креваше на пијалокот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)