слуша (гл.) - веќе (прил.)

Тоа беше знак дека нема да го слушаат веќе.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Но момчето не ги слушало веќе зашто во кафезот на неговите млади ребра срцето му трепетело како штотуку разбудена птица; не зашто умниот песнопоец Богдан Преслапец или најстариот со гајда Каменчо Скитник не можеле да објаснат дека битието се обврзува да му служи на духот што низ векови бил тајна и копнеел по тајни како кога се пеело ој ти тебе ѕвездо вечернице, уште мене јунак не познаваш и не зашто мирисот на смртта го урнал на коленици сневеселениот Богоја Гулабарин: зад нив, меѓу карпи и мртви или полумртви стебла, стоела како фатена во нишки на магија немата девојка Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И враќањето почнувало како и поаѓањето: вкочанета старост со прекрстени раце и труп на оган.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во ушите му влегува монотониот звук од работата на млазните мотори на авионот, потоа не го слуша веќе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Човекот не го слуша веќе. Ни коњот не го слуша.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кловнот молчи, кловнот е скаменет. Не слуша веќе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Август не слуша веќе што говори акробатот со куси клепки, под кои не може да се сокрие празниот поглед.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Човекот не го слуша веќе. Ни коњот не го слуша.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Имав песни, времето ги избриша. Не ги слушам веќе. Избришани се засекогаш, со мојата рака.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Толку уморен, не се слуша веќе.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Не се слушаа веќе зборови на неверица. Напротив, некоја чудна одушевеност ги обземаше работниците, шефовите, техничарите, инженерите, небаре бевме сведоци на создавање на некое чудо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од една огромна гумена цевка, прицврстена за железната мрежа, излегуваше бел чад.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кутрата Надењка нема веќе каде да ги слуша оние зборови, а нема ни кој да ѝ ги кажува, зашто ветрот не се слуша веќе, а јас се подготвувам да заминам за Петербург – на подолго време, можеби и засекогаш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сè уште е прилично студено, на ѓубриштето уште има снег, дрвјата се мртви, но веќе се чувствува здивот на пролетта и, подготвувајќи се за починок, гавраните шумно гракаат: Јас се доближувам до оградата и долго гледам низ една пукнатина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)