слуша (гл.) - нивен (прид.)

Калфите ги отвораа ќепенците на дуќаните. Овде-онде се слушаше нивното тропање.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Малечките бранчиња на езерото ја заплускуваа карпата на која лежи манастирот и се слушаше нивниот тих одзвук како чукање на часовник, како чукање на срцето од свети Наум.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На Нумо длабоко му го отвори своето срце и му се чинеше дека беше единствениот човек со кого можеше и имаше за што да разговора.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ешалон зад ешалон, во рамни редови, свртуваат и се посилно се слуша нивниот чекор.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Им олесна на луѓето што веќе не го слушаа нивниот писок, нивното болно јачење, нивните маки, но се чудеа како може во исто време да се породат сите три; ова никогаш не се случило во селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не можеше да разбере зошто момчињата ги нема сега на полјанката; не се слуша нивната борбена песна, ги нема ешалоните да маршираат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А во светот што се вика Прењес, полека битисува. Секој ден. Секоја ноќ.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)