И си седи така Севда под дивјачката, со нозете спружени право пред неа, исправена во половината и си ја чешла косата за да ја преплети, а од онаму, преку, го слуша ѕвончето на Белка и по ѕвонењето препознава дека говедата се запасени, скротнати и само рупкаат, рупкаат трева со забите, убаво се најадуваат, така што Севда веќе слуша како млекото во котлето под Белка вечер ќе џурка, џурка млеко, ќе го полни и тоа ѝ прави задоволство.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Кога ќе се обиде да ги отвори клепките, го слуша ѕвончето на Белка.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)